🎥 Кабина од градската жичница падна во Колумбија, загина едно лице девет повредени

од Milan1
23 прегледи

Едно лице загина, а девет се повредени кога во колумбискиот град Меделин падна жичница со десет патници. Во несреќата загина Џон Џаиро Лондоно (55). Несреќата се случила околу 04:30 часот по локално време на линијата К од градската жичарница Метрокабл. За време на инцидентот, десетици патници останале заробени во други кабини, заглавени меѓу станиците, пишува Би-Би-Си.

„Имаме итен случај во системот Метрокабл во североисточната област на Меделин. Кабина со 10 луѓе падна на долниот дел од платформата на станицата Популарно. Повредените се транспортираат во болници“, изјави градоначалникот Фико Гутиерез.

Снимките објавени на социјалните мрежи покажуваат луѓе како лежат на земја.

Слични содржини