Во последниве години реките во Алјаска стануваат портокалови. Откако тоа првпат беше забележано во 2018 година, феноменот продолжува. Научниците откриваат дека причината за промената на бојата на реките се климатските промени, а сателитски снимки од 2008 година потврдуваат дека одредени водни патишта се менуваат од бистри во портокалови.
Екологот Џон О’Донел опишува дека на некои места водите изгледаат како сок од портокал.
Арктикот се загрева, а неговиот вечен мраз се топи. Кога ќе се случи тоа, киселините и металите, цинкот, никелот, бакарот, кадмиумот, железото и алуминиумот се ослободуваат од почвата, а поради атмосферските влијанија, тие се изложени на вода и кислород.
Овој процес предизвикува металите, особено железото, да за’рѓаат, обојувајќи ги реките во матна портокалово-кафеава боја, објаснуваат истражувачите.