🎥 Побарал од вештачката интелигенција да прикаже како изгледаат соништата, резултатите се чудесни

од Milan1
687 прегледи

Еден јутјубер одлучил да го искористи потенцијалот на вештачката интелигенција (AI) и да побара да му илустрира „како изгледаат соништата“, пренесува „Дејли Стар“. Добиеното видео кружи на социјалните мрежи, предизвикувајќи воодушевување и чудење од корисниците, дека некои го нарекуваат верзија на филмот „Inception“, но без холивудскиот буџет.

Вештачката интелигенција одлучила да прикаже надреален и шарен свет, со поголем дел под вода, а тешко дека би можеле да ја опишеме „приказната на филмот“.

Гледаме летечки риби, експлозија на куќа, шарен авион кој се претвора во водено суштество … Прилично апстрактно, тешко за толкување, а некои би рекле и – вознемирувачко.

„Ова изгледа застрашувачки“, напишал еден корисник, а друг се надоврзал: „Исусе, ова е тешко да се проследи“.

Слични содржини