🎥 Половина држава под вода: Невидени поплави и повеќе од 30 жртви во Кенија

од Симе Стоиков
272 прегледи

Според последните податоци, најмалку 32 лица загинале, додека двајца се водат за исчезнати, како последица на катастрофалните поплави што ја погодија Кенија! Како што јави Си-Ен-Ен, речиси половина од земјата е потопена, додека повеќе од 100.000 луѓе се загрозени.

Обилните дождови почнаа во средината на март, но поројните дождови се интензивираа во текот на изминатата недела, што доведе до огромни поплави. Кенискиот Црвен крст објави дека од почетокот на март интервенирал во речиси 200 спасувачки операции Во главниот град Најроби, вчера беа затворени бројни патишта, а неколку населени места беа поплавени по уште еден ден поројни врнежи.

– Ситуацијата во Најроби ескалира до екстремни нивоа. И покрај сите нејзини напори, окружната влада беше преоптоварена. Потребни ни се сите национални служби за итни случаи, тие мора да се мобилизираат за да спасат животи – напиша градскиот сенатор Едвин Сифуна на својот профил на социјалната мрежа Х, порано Твитер.

Тој сподели видео од жителите заробени на покривите на нивните куќи во сиромашниот кварт во Најроби.

Црвениот крст на Кенија соопшти дека спасил 18 лица во населбата Матаре 4А. Два главни автопати надвор од Најроби беа преполни во средата откако делови од патиштата беа поплавени. Затворени се четири патни правци, а на два воведени се вонредни мерки.

Слични содржини