🎥 Томи Ли Џонс (77) ја прашува својата колешка (21) дали заедно снимиле некоја сцена

од Radmila Tasevska
262 прегледи

Средбата на Томи Ли Џонс и неговата млада колешка Џена Ортега на црвениот тепих е тешко да се прераскаже, пренесе Стандард лајф.

Тие беа на премиерата на „Finestkind“ во Лос Анџелес, во која глумат заедно. Додека позираа пред фотографите, збунетиот 77-годишен Ли ја праша 21-годишната Ортега дали снимиле некакви сцени заедно.

„Да, една“, му вели претпазливо Ортега, а потоа почна да објаснува за што се работи за сцената.

Потоа Џонс ја прашува дали го гледала филмот, на што таа одмавнала со главата. Потоа и двајцата почнаа да се смеат. На социјалните мрежи кружат видеа и фотографии.

Многумина се пошегуваа на сметка на Томи, сеќавајќи се на неговата култна улога во филмот „Мажи во црно“.

„Дали тој случајно го избриша сопственото сеќавање?“ напишаа многумина.

Слични содржини