🎥 Ветар ги носи мијачите на прозорци

од Milan1
8,5K прегледи

На социјалните мрежи објавена е застрашувачка снимка од десетина луѓе кои висат од една од највисоките згради во Пекинг, поточно седиштето на CCTV (Кинеската централна телевизија).

Станува збор за мијачи на прозорци кои биле изненадени од бурниот ветер што почнал да ги фрла како гранчиња, пренесува Сан..

Тие напорно работеле на 51-от кат кога ненадејно се засили ветрот. Инаку, зградата во деловниот дел на кинеската престолнина е висока 234 метри.

„Сметајте дека сте среќни што не работите како чистач на прозорци во Пекинг“, напиша на Твитер Стивен Мекдонел, дописник на Би-Би-Си за Кина.

Бројни жители на главниот град опишаа силни налети на ветер. На едно од видеата се гледа како тој ги „собрал“ пешаците на улица, додека во позадина светкаат молњи.

„Ненадејно силен ветер и силен дожд се појавија без предупредување“, рече еден од официјалните лица.

Како и многу градови, Пекинг често се соочува со екстремни временски услови во последниве години.

Слични содржини