🎥„Автономна“ Буба сама се паркира

од Vladimir Zorba
149 прегледи

Ако го оставите автомобилот на удолница без надзор и без активирана рачна сопирачка, или барем менувачот е оставен „во брзина“, не можете да се надевате на позитивен исход. Возилото ќе се излизга по удолницата и, ако имате среќа, ќе застанете на првата рамнина. Во полош исход, тоа ќе удри во првата пречка што ќе му излезе на патот. Сепак, видео од Холандија покажува дека некои луѓе навистина имаат повеќе среќа отколку памет.

Сопствениците ја паркирале својата понова генерација кабриолет Фолксваген Буба во дворот, за малку подоцна да ја затекнат уредно паркирана преку патот. Мислеле кој им го паркирал автомобилот на необично место, но потоа ги погледнале снимките од нивната надзорна камера. Бубата наеднаш „оживеа“ и се преврте назад, помина низ отворената порта од дворот, сврте десно и најде ново идеално место за паркирање.

„Се чини дека нашата „Херби“ добро се забавуваше. Сè уште не ни е јасно како се заврши толку добро“, велат сопствениците на првата „автономна“ Буба во светот.

Слични содржини