71
Samsung ја претстави новата серија на смартфони Galaxy S25, кои го поседуваат најновиот процесор Snapdragon 8 Elite, како и 12 GB RAM во основната конфигурација, а новиот чип значително ги зголемува можностите за вештачка интелигенција на овој телефон.
Новиот модел на телефон беше претставен на настанот Galaxy Unpacked во Сан Хозе и вклучува стандардна верзија, како и моделите Galaxy S25+ и Galaxy S25 Ultra.
Дизајнот на телефонот е многу сличен на претходната серија S24, освен што новите модели имаат заоблени рабови и се чини дека се потенки од порано, пренесува порталот Verge.