🎥„Седи доле“ – Србин совлада терорист во авион – неговиот потег го воодушеви светот

од Весна Петровска
99 прегледи

Вистинската драма се одвивала на летот на „Изиџет“ од Лондон до Глазгов кога 41-годишен маж почнал да вика дека има бомба во авионот, заканувајќи се со смрт на сегашниот американски претседател Доналд Трамп и Америка. Во еден момент, тој почнал да вика „Алаху Акбар“, предизвикувајќи паника кај патниците.

Додека авионот бил во хаос, еден Србин, патник на тој лет, му се обратил на човекот на чист српски јазик:

– Седни, доле, п***ти материна

После тоа, го соборил на подот и го совладал, додека другите патници му притрчале на помош.

– Седни – се слуша на снимката додека Србинот го држи приклештен на подот.

Пред да биде совладан, напаѓачот извикал:

– Запрете го авионот! Пронајдете ја бомбата во авионот! Смрт за Америка! Смрт за Трамп!

Потоа повторил неколку пати:

– Алаху Акбар!

Екипажот ги информирал патниците дека авионот ќе изврши итно слетување, а по пристигнувањето во Глазгов, припадници на шкотската полиција влегле во авионот и го уапсиле човекот.

Како што потврдија властите, 41-годишниот маж е приведен, додека истрагата за мотивите на инцидентот продолжува.

Слични содржини