🎥Уапсена една од најбараните жени во светот – како падна убавата криминалка Танија?

од Nikola Popovski
90 прегледи

Шпанската полиција на островот Ланзароте ја уапси инфлуенсерката Танија Гомез (32), една од најбараните жени во Европа. Апсењето се случило минатата недела, а Гомез е на листата на најбарани на Европол од март 2021 година. Шведските власти бараат за неа 14 години затвор поради обвиненија за трговија со дрога и перење пари.

Таа е обвинета за делување во криминална организација со седиште во Стокхолм, која делувала како „банка“ за перење пари за шведските банди.

Гомез била сопственик на хуманитарната организација за спасување кучиња „HundGarin“ и наводно била огромен љубител на животни, помагајќи им  на бројни кучиња скитници. Сепак, Европол тврди дека е поврзана и со мрежа на нелегално поседување и транспорт на животни во странство.

Одреден и е притвор до завршување на потребната екстрадициска постапка.

Слични содржини