📷 GeigerCars C8 Corvette за 149.900 евра

од Vladimir Zorba
14 прегледи

Германскиот тјунер GeigerCars одлучи да ја одбележи својата 45-годишнина со ограничена едиција Chevrolet Corvette Stingray, со подобрени перформанси и впечатлив стил.

Пред се, 6,2-литарскиот V8 сега располага со 522 КС и 652 Nm вртежен момент.

Има и спортски издувен систем, посилен систем за сопирање (дискови од 378 mm и 355 mm), модифицирана KW суспензија, аеро каросерија од јаглеродни влакна (преден сплитер, отвори за воздух, заден спојлер) и нов сет OZ Ultraleggera HLT тркала во бронза како контраст до зелената боја на автомобилот.

Седиштата се обложени со нова светло-кафеава кожа, додека другите делови од кабината добија светло-беж контрастни шевови.

Станува збор за лимитирана серија, каде еден ваков автомобил на германскиот пазар стартува по цена од 149.900 евра.

Слични содржини