Светски познатиот диџеј Дејвид Гета (56) го доби своето прво дете со прекрасната Кубанка Џесика Ледон (32).
Среќната двојка ја објави веста во заедничка објава на Инстаграм со краток опис:
„Љубовта е во воздухот. Запознајте го Сијан“, гласи описот на првата фотографија од нивното дете што ја објавија на споменатата мрежа.
Инаку, пред врската со Џесика, музичарот беше во 22-годишен брак со Кети Лоб, со која има две деца – ќерката Енџи (16) и синот Тим Елвис (19).
Двојката се разведе во 2014 година, а неколку месеци подоцна јавноста дозна за него и за оваа атрактивна Кубанка, за која многумина шпекулираа дека е причината за разводот, но тоа никогаш не беше потврдено.
View this post on Instagram