📷Фронтменот на Металика се тетовирал со пепелта на Леми Килмистер

од Симе Стоиков
220 прегледи

Џејмс Хетфилд преку социјалните мрежи им се пофали на своите многубројни фанови и пријатели дека направил нова тетоважа од пепелта на покојниот Леми Климистер.

Станува збор за слика на кец во лопати по еден од најголемите хитови на „Motorhead“, Aces Of Spades.

Фронтменот на „Металика“ го насликал на средниот прст од десната рака, а има и причина за тоа.

„Оваа тетоважа е почит на мојот пријател и голема инспирација, г-дин Леми Климистер. Да не беше тој, немаше да има ниту „Металика““, истакна тој на Инстаграм, а потоа додаде:

„Црно мастило измешано со дел од неговата пепел, која великодушно ми беше дадена. Вака, тој сè уште може на светот да му го покаже средниот прст“.

Да потсетиме дека Леми почина два дена откако дозна дека има рак на простата. Години се бореше и со други здравствени проблеми, а според тогашните зборови на Ози Озборн со кој беше исклучително близок, „отишол доста мирно“.

По неговата смрт, пепелта на Леми Килмистер била ставена во куршуми и испратена до неговите најблиски пријатели.

Слични содржини