278
Хрватската пејачка Северина на социјалните мрежи сподели фотографија од свој следбеник кој ја забележал сличноста меѓу новиот албум на Дуа Липа и последниот албум на Северина, пренесе Стандард лајф.
Многумина заклучија дека Севе така алудира и ја обвинува Дуа Липа дека ја копирала.
Станува збор за нејзиниот албум наречен „Sorry“, а на насловната страница на албумот ја гледаме Севе како го лиже својот одраз во огледалото. Насловот на албумот и ги покрива очите.
Пејачката со косовски корени ја избра истата поза на својот нов албум „Худини“, а единствената разлика меѓу албумите е што нејзиното име и насловот на албумот се на вратот.