📷Subaru WRX Project Midnight

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Subaru Motorsports USA подготви нешто посебно за овогодинешниот фестивал на брзината во Гудвуд, наречен Project Midnight.

Станува збор за специјално подготвен WRX со впечатлив „aero body“ пакет, кој ќе учествува на ридско искачување со рели возачот Скот Спид зад воланот.

Автомобилот има целосно црна надворешност со амблем на Subaru на профилот и огромен заден спојлер. Широките браници изгледаат слично на рели автомобилот кој се натпреварува во шампионатот на Американското здружение за рели, но предниот браник е различен.

Околу доводот има и елементи од јаглеродни влакна, како и задниот дифузор (исто така изработен од карбонски влакна за помала тежина). Севкупно, автомобилот е полесен за 453 kg од серискиот WRX.

Покрај тоа, доби и изменета суспензија и 18-инчни тркала.

Моторот е 2.0-литарски турбо четирицилиндричен со дури 670 КС и 920 Nm вртежен момент.

Скот Спид е четирикратен шампион во реликрос кој меѓу другото возел и возила во Ф1, Формула Е и НАСКАР.

Според соопштението за печатот, „ваков ѕвер никогаш не е виден од Subaru Motorsports USA на Гудвуд – или подобро кажано, каде било“.

Компанијата додаде дека Project Midnight „ќе ја шокира публиката на сосема поинаков начин додека се искачува на ридот“.

Слични содржини