📸 Сите сонуваат за ова: Џенифер Анистон покажа како изгледа нејзиниот гардеробер

од Radmila Tasevska

Џенифер Анистон на своите обожаватели на Инстаграм им ја покажа гардеробата во нејзината вила во Бел-Ер вредна 21 милион долари. Актерката сподели фотографии од нејзиниот луксузен гардеробер, а нејзинот гардеробер е токму онаков каков што би замислиле – голем и прекрасен, пренесе Стандард лајф.

Плакарот е како моден бутик и е направен од дрвени ѕидови, а е толку голем што може да собере дури и неколку членови од нејзиниот тим. Во едниот дел има и катче за убавина со големо огледало со светла и столче за седење додека е во тек шминкањето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Aniston (@jenniferaniston)

Фотографиите покажуваат како ѕвездата се подготвувала за People’s Choice Awards каде доби награда за улогата во The Morning Show. Вечерта ја одбележа нејзиниот фустан кој покажа дека малиот црн фустан никогаш не разочарува.

Слични содржини