Во март минатата година семејството на Брус Вилис објави дека на актерот му била дијагностицирана фронтотемпорална деменција, а неколку месеци подоцна се зборувало дека неговата состојба се влошува.
Поранешната сопруга на Вилис, актерката Деми Мур, сега проговори за неговата состојба во „Добро утро Америка“, цитира Стандард лајф.
“I think, given the circumstances, he’s doing very well. What I’ll share is what I say to my children, which it’s important to just meet them where they’re at and not hold on to what isn’t, but what is.” — @justdemi shares an update on Bruce Willis. pic.twitter.com/jXPQu7J3nW
— Good Morning America (@GMA) January 31, 2024
„Мислам дека, со оглед на околностите, му оди многу добро“, рече Деми.
Таа откри и како ги теши ќерките, Талула, Скаут и Румер.
„Она што ќе го споделам е она што исто така им го кажувам на моите деца, а тоа е дека е важно да им излезам во пресрет и да не се држат за она што не е, туку за она што е, бидејќи од тоа произлегува голема убавина и сладост, љубов и радост“, истакна таа во емисијата.