📽Страшни поплави во Кина: Претседателот нареди спасување

од Весна Петровска
12 прегледи

Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди „сеопфатна“ спасувачка операција откако во ненадејните поплави во покраината Гансу загинаа 10 лица.

Во тие поплави, 33 лица се водат како исчезнати, објави државната телевизија CCTV.

Како што претходно беше објавено, во јужна Кина, реките се излеале од своите корита, а стотици летови се откажани или одложени во Гуангжу, каде што поплавените улици дополнително го влошуваат ширењето на вирусот чикунгуња.

Хонг Конг, исто така, постави рекорд – повеќе од 350 милиметри дожд паднаа за еден ден, што го собори рекордот, а според Би-Би-Си, градот во просек паѓа околу 2.400 милиметри дожд годишно.