Јушченко: Ако Украина не ја запре Русија сега, следна е БиХ

од Radmila Tasevska
221 прегледи

Поранешниот украински претседател, Виктор Јушченко денес изјави дека ако Украина сега не ја запре Русија, следната ќе биде Босна и Херцеговина и додаде дека тоа е криминален режим со кој е невозможно да се преговара.

„Апсолутно сум сигурен дека треба да се формираат трибунали ако сакаме такви војни никогаш да не се повторат. Тие мора да бидат судени, мора да разбереме дека тие се криминалци и мора да им се суди за злосторства. Путин мора да биде казнет“, рече Јушченко во интервју за Фена објави порталот Klix.ba.

Според него, тоа е проблем што треба да го реши целиот свет.

Слични содржини