Џенифер Лопез: Доказ дека добрите потпетици и фармерките се секогаш добитна комбинација

од Radmila Tasevska
194 прегледи

Брачниот пар Џенифер Лопез и Бен Афлек го поминаа викендот дружејќи се со своите деца. Ним им се придружија децата на Бен, Серафина и Семјуел и ќерката на пејачот Ема.

За семејната прошетка, Џеј Ло носеше шик комбинација, чија главна ѕвезда беше модерна, бушава светло сива кардиган-крзнена бунда. Тоа е креација на еден од нејзините омилени дизајнери, Брунела, направена од мешавина од мохер волна.

Со едно такво парче не е потребно премногу да експериментирате со остатокот од гардеробата, па латино дивата се задржа на едноставна, докажана формула.

Таа носеше скратена бела маичка, која ја комбинираше со широки фармерки со недовршени рабови и небесно сиви потпетици. Со оваа комбинација таа уште еднаш потврди дека добрите фармерки и штикли се совршен пар.

Добитната комбинација на штикли и фармерки е одличен избор кога сакаме да го подигнеме лежерното издание на повисоко ниво.

Пејачката и актерка ја средуваше косата во пунџа, со шишки настрана, а изгледот го комплетираше со очила за сонце и обетки.

Во раката носеше сина чанта од модната куќа Валентино. Станува збор за модел „Вслинг“, чанта од кожа со препознатлива лого-тока, која има ремен за рамо, но може да се носи и во рака.

Слични содржини