🎥 340 патници со часови беа заглавени: Хрватски траект се расипа во Јадранот

од Илинка Илиоска
73 прегледи

„Новоиот“ ферибот на Јадролинија наречен „Оливер“, кој беше купен пред два месеци се расипа на пат кон Сплит и 340 патници со часови беа заглавени на него. Бродот е стар 27 години, и Јадролинија го купи за 12 милиони евра, а за ремонт потроши уште 2,7 милиони.

Пред тоа траектот пловел во Грција под името Хермес, а во Хрватска бил пуштен во употреба на 20 мај. Траектот го добил името по пејачот Оливер Драгојевиќ, а Јадролинија го ангажирала на линијата Сплит-Вела Лука-Убли.

Траектот испловил во 10:30 часот од Сплит кон Вела Лука, но на пат дошло до технички дефект. Околу половина час се обидуваа да го решат проблемот, успеаја привремено, но неуспехот се повтори. Траектот исплива низ каналот Корчула, а од Сплит е испратен шлепер. Сепак, екипажот конечно успеа да го поправи дефектот и траектот вплови во пристаништето.

Слични содржини