Автобус кој патувал меѓу градовите во Турција излетал од автопат и удрил во столб од надвозник во петокот, при што загинале девет лица во него, изјави официјален претставник. Најмалку други 26 лица се повредени, објави АП.
Несреќата се случила во близина на градот Полатли, на околу 80 километри од главниот град Анкара, изјави гувернерот Васип Сахин за телевизијата ХаберТурк.
Ankara Polatlı’da yolcu otobüsünün köprünün ayağına saplanması sonucu meydana gelen trafik kazasında çok sayıda ölü ve yaralı var.
İşte olay yerinden gelen ilk görüntüler…https://t.co/A3fFdU0gKn pic.twitter.com/SZ0UZlrw80
— SuperHaber (@superhaber) August 9, 2024
Автобусот сообраќал од градот Измир во западна Турција до градот Агри, на истокот на земјата.
Причината за несреќата, која доведе до затворање на едната страна од автопатот, не е веднаш позната.
Нема информации за состојбата на повредените патници кои итно се пренесени во болниците во Полатли и Анкара.