🎥 Четири малолетни девојчиња избодени во кино во Бостон

од Илинка Илиоска
343 прегледи

Маскиран маж избодел четири девојчиња со нож во кино лоцирано на околу 20 километри јужно од Бостон околу 18 часот по локално време, соопшти полицискиот оддел.

Полицијата соопшти дека мажот влегол во киното без билет, отишол до салата, а потоа неиспровоциран нападнал четири девојчиња на возраст од 9 до 17 години. Девојчињата се хоспитализирани со повреди кои не се опасни по живот, соопшти полицијата.

„Толку е потресно што она на што ќе мислам е тие деца како слегуваат по скалите и само плачат. Изгледаа навистина исплашено, како да гледале хорор, а не детски филм“, рече Матео Рохас, кој бил во салата во моментот на нападот.

Еден вработен, кој работел во киното во моментот на нападот, опишал дека осомничениот носел „преголемо палто, очила за сонце и долга перика“.

Осомничениот побегнал од местото на настанот со црн џип, но полицијата успеала да го види бројот на регистарска табличка на снимка и го лоцирала во Плимут, откако тој наводно учествувал во „сличен напад“ таму, соопшти полицијата.

Полицајците дознале дека вториот потенцијален напад се случил околу 19 часот во ресторанот Мекдоналдс, каде наводно биле избодени 21-годишна жена и 29-годишен маж. Двете жртви се здобиле со повреди кои не се опасни по живот и се згрижени во блиската болница. Полицијата соопшти дека „злосторствата се чини дека се поврзани“.

„Прелиминарната истрага сугерира можна поврзаност со претходен инцидент во кино во Брејнтри, кој резултираше со повреди кои не се опасни по живот на четири малолетници“, соопшти државната полиција на Масачусетс.

Осомничениот е приведен и се наоѓа на лекување во блиската болница.

Слични содржини