🎥 ЦИА и МИ6 за првпат со заедничка изјава: Постои реален ризик од потенцијална употреба на Русија на тактичко нуклеарно оружје

од Milan1
9,6K прегледи

Светскиот поредок се соочува со закана каква што од Студента војна досега немало, предупредија шефовите на контраразузнавањето на САД и Велика Британија.

Шефовите на ЦИА, Вилијам Барнс и на МИ6, Ричард Мур, за првпат се појавија заедно и изјавија дека двете земји ги здружиле силите и упорно се борат против „агресивната Русија и агресивната војна во Украина“.

Барнс и Мур во првиот заеднички напис во историјата, како што пренесе „Фајненшл тајмс“, објавија дека ја предвиделе војната во Украина и дека успеале да ја предупредат и меѓународната заедница, со делумна декласификација на тајните информации, за да му помогнат на Киев.

Тие информираа и дека работат на спречување на „непромислена кампања за саботажа“ од Русија низ Европа, на смирување на конфликтот меѓу Израел и Хамас и на борба со тероризмот за да се спречи обновувањето на Исламската држава.

Во својот коментар за „Фајненшл тајмс“, двајца разузнавачи соопштија дека „нема сомнеж дека меѓународниот поредок – балансиран систем што доведе до релативен мир и стабилност и овозможи зголемување на животниот стандард и просперитет е под закана на начин што се уште не се гледа. Уште од Студената војна основата на борбата против овој ризик се посебните односи меѓу Обединетото Кралство и САД“.

Постои реален ризик од потенцијална употреба на Русија на тактичко нуклеарно оружје како одговор на неуспесите на бојното поле. Барнс додаде дека дури и кога заговорите изгледаат аматерски, тие можат да бидат непромислени и опасни.

Покрај војната во Украина, двете служби заедно работат и против непромислената кампања за саботажа низ Европа, предводена од руското разузнавање и нејзината цинична употреба на технологијата за ширење лаги и дезинформации, пренесе „Фајненшл тајмс“.

ЦИА и МИ6 го гледаат подемот на Кина како главен разузнавачки и геополитички предизвик на векот. Тие ги реорганизираа своите активности „за да се фокусираат на тој приоритет“.

Тие, исто така, рекоа дека силно вршат притисок за деескалација на Блискиот Исток и без престан работеле за прекин на огнот и ослободување на заложниците.

Слични содржини