92
Во канадскиот град Монтреал за речиси 150.000 домови издадено е предупредување од поплави поради пукање на водоводна цевка во близина на мостот Жак Картие.
Надојдената вода поплави улици, сообраќајот е парализиран, а луѓето се евакуираат од зградите.
Градоначалничката на Монтреал, Валери Планте изјави дека пожарникарите ги повикале жителите во североисточниот дел на градот да ги напуштат домовите.
Цевката која пукна има пречник од два метра и е поставена во 1985 година.