Јужноафриканските научници во средата покажаа фрагмент од метеорит кој беше откриен минатиот месец во мал град во провинцијата Источен Кејп.
Жителите на три провинции – Источен Кејп, Западен Кејп и Слободна држава – на 24 август објавија дека виделе сино-бело и портокалово светло на небото, придружено со звук на експлозија и вибрации.
Реткиот фрагмент од метеорит, црн и сјаен, со светлосиво јадро слично на бетон однадвор, тешко помалку од 90 грама и со дијаметар нешто помалку од пет сантиметри, го доби името Метеорит “Nqweba”, по блискиот град каде што беше пронајден.
„Фрикцијата со атмосферата создаде спектакуларна огнена топка и предизвика нејзино распаѓање при летот“, вели Роџер Гибсон, професор на одделот за геонауки на Универзитетот во Витвотерсранд.
Седејќи на тремот од куќата на нејзините баба и дедо, деветгодишната Елизе Ду Тот видела темен камен како паѓа од небото. Го зела и го дала на мајка си која им го предала на научниците.
Слушнав татнеж и видов камен како паѓа од небото. Отидов да го земам додека беше уште топол“, вели малото девојче.