🎥 Џастин Бибер пееше на свадбата на синот на најбогатиот Индиец, заработи 10 милиони долари

од Milan1
96 прегледи

Музичката ѕвезда Џастин Бибер настапи пред индиските славни личности во Мумбаи во текот на раскошната свадбена церемонија за синот на најбогатиот човек во Индија.

Веќе неколку месеци се организираат грандиозни прослави во пресрет на свадбата на Анант Амбани, најмладиот син на Мукеш Амбани, шеф на конгломератот „Reliance Industries“ и неговата свршеница Радика Мерчант, кои ќе се венчаат во средината на јули во текот на тридневна хиндуистичка церемонија во Мумбаи.

Се шират гласини дека поп-ѕвездата Џастин Бибер заработил и до 10 милиони долари за својот настап, пишува „Експрес трибјун“.

Меѓу индиските славни личности биле присутни и боливудскиот актер Салман Кан и поранешниот капитен на индискиот крикет тим МС Дони.

Инаку, на раскошната венчавка веќе ѝ претходеа два големи настани.

На забавата одржана во февруари, пејачката Ријана го одржа својот прв концерт по минатогодишниот Супербол, а присуствуваа и основачот на Фејсбук, Марк Закерберг и ќерката на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Иванка.

Во јуни, пејачката Кети Пери, групата „Бекстрит бојс“, американскиот рапер Питбул и италијанскиот тенор Андреа Бочели настапија на балот по маски во замокот во Кан.

Мукеш Амбани (67) е 11-та најбогата личност во светот според листата на милијардери на „Форбс“, со богатство од повеќе од 113 милијарди долари.

Слични содржини