🎥 Додик го бакна „воздухот“ наместо Путин

од Илинка Илиоска
642 прегледи

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин. Но, на средбата се случила малку смешна ситуација кога Додик отишол да го бакне Путин три пати. Според видеото кое го споделија повеќе босански медиуми на Путин,  очигледно му бил доволен еден бакнеж.

Изгледаше дека Путин е збунет од ситуацијата, па го потапка Додик по рамо и ги избегна другите два бакнежи.

Путин на средбата рекол дека Русија не го менува ставот во однос на Дејтонскиот договор и оти сметаат дека Дејтон е основа за зачувување на ситуацијата во Босна и Херцеговина, но и за развојот, пренесува Кликс. Путин рече дека е познат ставот на Русија и изјави дека надлежностите во Дејтонскиот договор се фиксирани и дека Русија ќе придонесе за тоа.

„Господине претседателе, драг пријателе, топло ви посакуваме добредојде во Санкт Петербург. Не толку одамна се сретнавме на спортски настан. Денес ја прифативте нашата покана да учествувате во работата на форумот во Санкт Петербург. Ние сме многу среќни поради тоа“, му рече рускиот претседател на Додик.

Додик, од друга страна, му се заблагодари на Путин за „принципиелноста за Дејтонскиот договор“.

Слични содржини