Откако се урна подземен рудник, вчера на фудбалското игралиште во Алтон, Илиноис, се создаде огромна дупка во земјата, која „проголта“ дел од стадион. Целиот настан е снимен од надзорна камера.
„Дупката се појави во 9:18 часот, и таа е 30 метри широка и 9 метри длабока. Беше предизвикана од уривање на подземен рудник, компанијата „New Frontier Materials“ е одговорна“, рече Мајкл Хиенс, шеф на градското одделение за паркови и рекреација.
„Изгледа како нешто од филм, нели?
„За среќа, во тој момент немаше никој на теренот и никој не беше повреден. Изгледа како нешто од филм, нели? Тоа е како бомба да експлодира”, додаде тој.
Портпаролот на „New Frontier Materials“, кој е сопственик на рудникот, рече дека погодената област е обезбедена.
„Никој не е повреден во инцидентот, а известени се и службеници од Управата за безбедност во рудниците. Безбедноста е наш приоритет. Ќе работиме со градските власти за да се реши овој проблем што е можно побрзо“, додаде тој.