🎥 Два воени хеликоптери се судрија во воздух: Десет лица загинаа

од Симе Стоиков
192 прегледи

Десет лица загинаа кога два воени хеликоптери се судрија во воздух за време на проба за парада на кралската малезиска морнарица.

Сите 10 загинати се членови на екипажот на хеликоптерите кои се урнаа во поморската база Лумут во западната држава Перак, соопшти малезиската морнарица, цитирана од Ројтерс.

За сите жртви е констатирана смрт на лице место, а нивните тела се испратени на идентификација во болницата во воената база Лумут.

Слични содржини