🎥 Експлозии и густ чад во центарот на Москва – можен терористички напад?

од Љубиша Владимиров
168 прегледи

Снимка од местото на несреќата, која брзо се прошири на социјалните мрежи, прикажува густ, црн чад што се издига од основата на зграда во центарот на Москва.

Според првичните информации, три силни експлозии одекнале во близина на трговскиот центар Афимол Сити, при што властите не ја исклучуваат можноста за саботажа или терористички напад. Според странските медиуми, експлозијата била предизвикана од автомобил паркиран под трговскиот центар, што довело до голем пожар.

Во моментот на детонацијата не е познато дали во возилото имало патници. Возачите на блиските автомобили веднаш ги паркирале своите возила на безбедно растојание, додека работници од областа внимателно се приближувале до местото на експлозијата.

Локалните медиуми јавуваат дека пожарот бил брзо ставен под контрола по интервенцијата на итните служби.

Слични содржини