🎥 Евакуиран најголемиот аеродром во Европа: Обезбедувањето пронашло сомнителен пакет

од Илинка Илиоска
24 прегледи

Вториот терминал на аеродромот Хитроу во Лондон е евакуиран поради сомнителен пакет, јавуваат британските медиуми.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледа како патниците го напуштаат терминалот, како и амбулантни возила паркирани надвор и полиција со кучиња трагачи.

Засега не се знае ниту дали некои летови се одложени или откажани.

Слични содржини