🎥 Финансискиот директор на Руската фудбалска федерација загина во хеликоптерската несреќа на Камчатка

од Илинка Илиоска
60 прегледи

Финансискиот директор на Руската фудбалска федерација, Арсениј Замјаткин загина во хеликоптерска несреќа на Камчатка, јавуваат бројни светски медиуми.

Високиот функционер на ФС на Русија беше еден од 19-те патници кои ги загубија животите во страшната несреќа.

Остатоците од хеликоптерот што исчезна на 31 август на југот на Камчатка се пронајдени на надморска височина од 900 метри, во близина на последната локација каде што екипажот остварил контакт.

Во леталото имало 22 лица, 19 патници и тројца членови на екипажот, а спасувачите досега пронашле 17 жртви. Според првите информации нема преживеани.

Замјаткин бил во хеликоптерот со неговата сопруга Полина. Според руските медиуми тој бил на одмор со својата избраничка, па заедно заминале на обиколка на еден од вулканите.

Слични содржини