🎥 Ги прскаат туристите со вода и им велат да си одат дома, протести во Барселона

од Milan1
60 прегледи

Илјадници луѓе учествуваа на демонстрациите против масовниот туризам во Барселона. Снимката направена во овој шпански град покажува лути демонстранти како прскаат со водени пиштоли во гостите на популарните туристички локации во текот на викендот.

За тоа време се слушаат извици од насобраната толпа.

– Туристи, одете си дома – гласи еден од слоганите упатен кон туристите.

Властите на Барселона неодамна ветија дека во рок од пет години ќе го укинат краткорочното изнајмување на станови на туристи во градот.

Слични содржини