🎥 Голема тепачка меѓу навивачите на Грузија и Турција на трибините

од Milan1
2,8K прегледи

Пред почетокот на натпреварот од првото коло од групната фаза на Европското првенство меѓу Турција и Грузија дошло до конфликт меѓу две навивачки групи на стадионот „Сингал Идуна Парк“ (Singal Iduna Park) во Дортмунд.

Имено, како што пренесуваат европските медиуми, навивачите на Турција и Грузија се судрија пред почетокот на натпреварот во Дортмунд. Како што се наведува, поради скромното присуство на полицијата дошло до општа тепачка на трибините.

Иако историјата меѓу двете споменати селекции е добро позната, германската полиција, се чини, не ги презеде сите заштитни мерки, а бидејќи навивачите на двата тима практично стоеја еден до друг на трибините, конфликтот беше неизбежен.

Според видеата кои кружат на интернет од стадионот на „милионерите“, може да се забележат навивачи во црвено-бели дресови како фрлаат пластични шишиња еден кон друг и се караат преку оградата, која барем засега е главната бариера меѓу навивачите. Додека полицијата ја нема никаде на повидок.

По околу 10-ина минути тепање, полицијата успеала да реагира и да го врати мирот на трибините, а засега не се знае дали има повредени во тепачката.

Слични содржини