🎥 Големи поплави во Пакистан, над 150 загинати

од Milan1
52 прегледи

Спасувачките служби во Пакистан се во состојба на готовност за евакуација на жителите од крајбрежните области, а жртвите од повеќенеделните монсунски дождови веќе се над 150,  пренесува германската новинска агенција „ДПА“.

Илјадници спасувачи и стотици чамци беа испратени во централната провинција Пенџаб откако реката Ин се излеа.

Најтешко беше погодена северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, каде поројните дождови, лизгањето на земјиштето и ерупциите на глечерските езера убиле најмалку 57 луѓе.

Најмалку 154 лица, од кои половината деца, загинаа во различни инциденти поврзани со поплавите. Обилните врнежи се очекува да продолжат до 14 август.

Слични содржини