🎥 Големото враќање на Џоди Фостер

од Radmila Tasevska
266 прегледи

Иако по неверојатни 58 години кариера на Џоди Фостер, таа веќе нема што да докажува, таа успеа уште еднаш да го потврди статусот на ѕвезда со две улоги кои привлекоа големо медиумско внимание.

Имено, 61-годишната холивудска икона во 2023 година била исклучително зафатена и ја добила главната улога во дури два големи проекти, пренесе Стандард лајф.

Прво, таа блесна во спортската биографска драма „Нијад“ и доби забележителни пофалби од критичарите за нејзиното портретирање на непоколебливата тренерка Бони Стол, која и помогна на Дијана Нијад да стане првата личност што ја исплива патеката долга 177 километри.

Но, нејзиното ново големо полетување се очекува на 15 јануари, кога ќе започне да се емитува четвртата сезона од серијата на HBO „True Detective“.

Во неа, Фостер глуми закоравен детектив, зајакнат од ниските температури на Алјаска, а критичарите тврдат дека тоа е улога која ќе ве изненади со својот интензитет и страст.

Слични содржини