🎥 Хорор на корида во Радошиќ: Разјарен бик втрча во публиката, другиот избоде човек

од Илинка Илиоска
529 прегледи

Посетителите на корида во Радошиќ кај Сплит викендов беа сведоци на најмалку два инциденти. Во едниот, разјарен бик ја пробил оградата и влетал во публиката, а во друг инцидент бик повредил посетител и со рогот му го распорил стомакот.

Мажот (68) веднаш по приемот во болница итно бил опериран и е задржан на понатамошно лекување во Клиничката болница во Сплит .

Полицијата извршила увид на местото на настанот, но се уште не соопштува детали за тоа што го предизвикало инцидентот.

-Несреќата се случила нешто по 13 часот кога во Радошиќ, каде се одвивала борбата со бикови, во еден момент бикот се ослободил од надзор и повредил 68-годишен маж – соопшти портпаролот на Сплитско-далматинската полиција, Сања Назлиќ.

 

Слични содржини