🎥 Иранските медиуми објавија снимка од местото на хеликоптерската несреќа во Иран, се извлекуваат жртвите

од Milan1
340 прегледи

Иранскиот потпретседател Мохсен Мансури потврди дека иранскиот претседател Ебрахим Раиси загинал во хеликоптерска несреќа. Со него во авионот бил и министерот за надворешни работи, кој исто така загинал.

Иранските медиуми објавија видео од евакуацијата на телото на еден од загинатите членови на претседателската делегација. Клипот го објави агенцијата „ИРНА“, а го пренесе „Спутник“.

Иранскиот новинар Сулејман Ахмед покрај објавта на ужасните фотографии од местото на несреќата изјавил и дека телата на загинатите во хеликоптерската несреќа се изгорени и затоа не може да се идентификуваат.

Претседателот на Иран, Ебрахим Раиси се враќаше од церемонијата на отворање на браната на границата меѓу Иран и Азербејџан, кога неговиот хеликоптер се урна при слетување во регионот Варзакан, на 600 километри од Техеран.

Слични содржини