Камала Харис, првата жена што стана потпретседател на Соединетите Американски Држави, изјави за Си-Ен-Ен по дебатата дека Американците треба да се фокусираат на она што претседателот Џо Бајден го постигна за земјата за време на неговиот мандат, а не на неговиот настап.
„Зборувам за три и пол години работа кои беа исклучително важни, историски“, изјави Харис за Си-Ен-Ен.
„Дали претседателот е таков како што го видовме вечерва, таков ли е секој ден?“, ја праша водителот.
Харис рече дека Бајден е личност со која соработува секој ден, дека тој е некој кој успева во Овалната соба, да ги донесе и републиканците и демократите , без разлика на нивата полтичка припадност, при што успева да ги доведе до компромис .
„Тоа е извонредно. Тоа едноставно во денешено време не се случува, но Џо Бајден може да го направи тоа“, рече таа.
Таа спомена и некои други достигнувања на Бајден, како што се зајакнувањето на НАТО алијансата и отворањето работни места.