Ким Кардашијан глуми во новата сезона на „Американска хорор приказна“, а една сцена ги шокираше гледачите.
Новата сезона на серијата се вика „Деликатна“, а заплетот ја следи бремената Ана Викторија Алкот, која ја игра Ема Робертс.
Во врска со нејзината бременост се случуваат бројни бизарни работи, а во една од сцените, која изненади многумина, ријалити ѕвездата Ким Кардашијан и Ема страсно се бакнуваат.
Во серијата Ким го толкува ликот на Шибоне Корбин, ПР на Ема Робертс, но нешто сосема поинакво се развива од деловниот однос.
„Ема и Ким имаат неверојатна енергија, „Ким бакнува девојка е нешто што мислев дека никогаш нема да го видам“,„О мој Боже“, се само дел од коментарите на видеото.
https://www.youtube.com/watch?v=aSQDTp-0GLo&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title