🎥 „Лет од пеколот“ на британското небо: Гром удри во авион, мораше принудно да слета 

од Илинка Илиоска
100 прегледи

Авион на Бритиш ервејс бил погоден од гром при пристапот до лондонскиот аеродром Хитроу, а патниците на летот BA919 од Штутгарт до Хитроу ја опишале застрашувачката сцена откако инцидентот го принудил екипажот да се пренасочи кон аеродромот Гетвик.

Авионот ја напушти Германија кратко по 13 часот по локално време (12 часот по средноевропско време) и требаше да слета во Хитроу во 13.40 часот.

Гром ги принуди пилотите да се пренасочат кон Гетвик, каде што патниците пристигнаа околу 14 часот пред да бидат пренесени во Хитроу.

Дејли Мејл објави сцена за која тврди дека е моментот кога гром удрил во авионот, а патник споделил фотографија од гром надвор од прозорецот на авионот.

– Екипажот беше неверојатен кога нашиот авион беше погоден од гром при приближувањето до Хитроу. Тоа беше шокантно. Летот мораше да се пренасочи кон Гетвик – напиша тој.

Друг човек, чиј син и внук биле на летот, го опишал како „лет од пеколот“.

Слични содржини