🎥 Маж со својот автомобил влетал во пешаци во Сеул, загинати најмалку 9 лица

од Milan1
17 прегледи

Автомобил влета во пешаци во близина на градското собрание во Сеул, при што загинаа девет лица, а најмалку четворица се повредени, јавија јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на извори од полицијата и противпожарната служба.

Претставник на полицијата за Ројтерс изјавил дека полицијата истражува на местото на настанот и одбил да даде дополнителни информации, но стравува дека бројот на жртвите може да се зголеми.

Телевизијата „YTN“ објави дека возилото удрило во пешаците кои чекале на пешачкиот премин, откако удрил во други два автомобили. Велат дека автомобилот го управувал 60-годишен маж и возел во спротивен правец.

Слични содржини