🎥 Може да се гледа во живо и онлајн: Вечерва ќе се случи интересен феномен на небото

од Илинка Илиоска
97 прегледи

Ноќта од вторник кон среда, во зависност од вашата локација, ќе можете да видите ретка појава на небото. Делумното затемнување на Месечината ќе ја обои нејзината површина во црвено-кафена боја кога Земјината сенка ќе се појави на површината на Месечината.

Делумното затемнување на Месечината ќе биде видливо од поголемиот дел од Северна Америка, цела Јужна Америка, Европа, сите освен најисточните делови на Африка, западните делови на Азија и Русија и делови од Антарктикот. Делумното затемнување на Месечината паѓа во периодот на „Супермесечина“.

Точното време на делумното затемнување на Месечината зависи од вашата локација и можете да користите сајтови како „Timeanddate.com“ за да најдете одредени времиња врз основа на вашата локација. За оние во источната временска зона на САД, затемнувањето ќе ја достигне својата најтемна фаза, при што Месечината ќе биде најмногу замаглена од Земјината темнина, приближно во 22 и 44 часот на 17 септември. Во Европа и Африка, затемнувањето ќе се случи во раните утрински часови на 18 септември.

Ако не можете лично да го гледате затемнувањето на Месечината, ќе можете да го гледате небесниот феномент и онлајн на „Space.com“.

При делумно затемнување на Месечината, само дел од Месечината поминува во Земјината сенка, создавајќи впечаток на маглив „залак“ земен од површината на Месечината. Сенката ќе ја затемни страната на Месечината свртена кон Земјата. Големината на овој „залак“ се одредува според распоредот на Сонцето, Земјата и Месечината.

Околу 3,5 отсто од видливата површина на Месечината ќе биде покриена со најтемниот дел од Земјината сенка, умбрата. Остатокот од полната Месечина ќе добие малку црвеникаво-кафеав изглед бидејќи полесниот дел од Земјината сенка што целосно не ја блокира сончевата светлина ќе се спушти на поголемиот дел од површината на Месечината.

Делумното затемнување на Месечината е посебно затоа што исто така паѓа во време на „Супермесечина“. Таа се јавува кога полната Месечина се совпаѓа со најблиската точка на Месечината до Земјата во нејзината орбита (која е по форма на елипса). Како резултат на тоа, Месечината изгледа малку посветла и поголема од вообичаеното, иако разликата е суптилна и тешко се гледа со голо око.

Терминот „Супермесечина“ генерално се однесува на полна Месечина во рамките на 90 отсто од нејзиното најблиско приближување до Земјата. Според Фред Еспанак, експерт за затемнување и пензиониран астрофизичар на НАСА, во 2024 година ќе има четири Супермесечини, во август, септември, октомври и ноември.

Слични содржини