Најмалку 13 лица се повредени во експлозија во продавница на североистокот на Романија, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди, соопштија денес романските власти.
„Едно од повредените е во тешка состојба и е интубирано, додека 10 лица се свесни, но со различни повреди и изгореници. На сите им е укажана лекарска помош“, известија од итната помош, а пренесе АП.
Explozie la magazinul Dedeman din Botoșani – https://t.co/Y3IgklPjVO pic.twitter.com/zqTHu2ZACQ
— Bogdan Alupoaie 🥷 (@eBogdan) June 7, 2024
Се наведува дека е алармирана хеликоптерската единица за итни случаи и дека на местото на несреќата се испратени две возила на брза помош и две противпожарни возила.
Во тек е потрага по потенцијални жртви кои можеби останале во продавницата, додаваат медиумите.