🎥 Напнат момент на воената парада во Хрватска: Пилотот на хеликоптерот „Црн сокол“ едвај избегна потежок инцидент и судир со дрвја

од Љубиша Владимиров
23 прегледи

На социјалните мрежи е објавено видео снимено на езерото Јарун во Загреб, на кое се гледа како хеликоптерот UH-60M познат како „Црн сокол“ додека слетува допира со перките дел од врвовите на дрвјата во близина. Настанот се случи за време на главната програма по повод Националниот ден на Хрватска, каде беа прикажани воените способности на хрватските вооружени сили.

При спуштањето кон езерото, роторот на хеликоптерот дојде во контакт со дрвјата, а дел од роторот на опашката ја допре и површината на водата. Пилотот направи брз маневар за да избегне директен судир, а неколку моменти подоцна од хеликоптерот скокнаа четворица специјално обучени војници во езерото. Хеликоптерот потоа безбедно одлета. Хрватската армија минатата година набави дополнителни осум хеликоптери „Црн сокол“ со вкупна вредност од 274 милиони американски долари.

Повеќе од половина од средствата ги обезбеди Владата на САД, додека остатокот го финансираше Министерството за одбрана во периодот од 2025 до 2027 година. Испораката на целата опрема се очекува да заврши до 2028 година. Овие хеликоптери ги произведува американската компанија Сикорски, дел од Локид Мартин, а во моментов Хрватската армија поседува четири вакви машини. Министерството за одбрана издаде официјално соопштение за инцидентот:

„На 29 мај 2025 година, за време на активностите по повод Националниот ден, хеликоптерот UH-60 Black Hawk при лет над Јарун дојде во контакт со врвовите на дрвјата. Се работи за мала штета на врвовите на лопатките на роторот, но не е нарушено функционирањето на хеликоптерот. Машината продолжи безбедно да ја извршува својата задача. Внатрешна истрага ќе ги утврди околностите на инцидентот, штетата и евентуалната одговорност. Инцидентот не ја загрози безбедноста на екипажот или граѓаните“, соопшти Министерството.

Видеото и настанот предизвикаа внимание на социјалните мрежи, но засега нема загрижувачки информации за безбедноста.

Видеото може да го погледнете на сследниот линк:

Слични содржини