🎥 Навивач заспал на стадионот и се разбудил во четири часот наутро

од Milan1

Англија со 1:0 ја победи Србија во првото коло од Ц групата на ЕП, а стрелец на единствениот гол беше Џуд Белингам во 13 минута.

Средбата меѓу Србија и Англија ја одбележаа исклучително мал број на вкупни удари кон голот. Во последните 44 години толку малку удари кон голот не се видени на европските првенства.

„Тоа не беше натпревар за неутрални навивачи, со вкупно само 11 удари – шест за Србија, пет за Англија. Тој број е најмал забележан на Европското првенство, помалку од сите други 322 натпревари во натпреварувањето од 1980 година“, се вели во ова статистичка објава.

Еден навивач на Англија стана хит на социјалните мрежи откако објави видео на кое се гледа како сам седи на трибините, велејќи дека е 4 часот по полноќ.

„Само што се разбудив и сега е четири часот наутро. Се смрзнав. Уште сум на стадионот на Шалке“, вели навивачот додека на снимката се гледаат трибините на празниот стадион. Врз него најверојатно влијаела и прекумерната количина на конзумиран алкохол, но бројни фанови „вистинската“ причина ја наведоа на недостатокот од возбудувања на самиот терен.

Слични содржини