294
Американската држава Ајова беше зафатена од големо невреме. Од невремето особено беше погоден градот Гринфилд.
Неколку луѓе загинаа во торнадо во градот Гринфилд во американската сојузна држава Ајова, додека десетина луѓе се повредени, пренесе Ројтерс.
Фотографиите од Гринфилд покажуваат уништени домови, расфрлани остатоци и неколку големи соборени турбини на ветер.
„Торнадото уништи добар дел од овој град. Можеме да потврдиме дека имаше повеќе жртви за време на торнадото“, изјави портпаролот на полицијата на државата Ајова, наредникот Алекс Динкла, без да прецизира колку луѓе загинале.