🎥 Новогодишната декорација на Ким Кардашијан предизвика бројни реакции на мрежите

од Radmila Tasevska

Ким Кардашијан на своите следбеници им покажа како изгледа новогодишното украсување во нејзиниот дом и повторно стана една од главните теми на социјалните мрежи.

Таа објави кратко видео во кое го покажа секој дел од куќата украсен со илјадници светилки, а покрај ходникот се наредени борови украсени така што изгледаат како да се покриени со снег. Во една од многуте соби има уште една елка украсена со светилки, а под неа се оставени многу подароци. Секако, сите се завиткани во иста бела хартија која одговара на остатокот од декорацијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian)

„Знаеш ли колку си можела да помогнеш на другите со парите кои веројатно ги трошиш на сметка за струја? Или на сите тие стебла?“, „Се чувствувам како во лудница. Тие подароци буквално изгледаат како да имаат лудачки кошули на себе“, „Запрашајте се колку луѓе можела да нахрани со количината пари која ја потрошила за сето ова“, „Ким, ти благодарам што секој Божиќ ме потсетуваш колку сум сиромашна“, биле само дел од коментарите.

Слични содржини