🎥 Новородени близнаци биле убиени во Газа, таткото заминал по извод, кога се вратил тие биле починати

од Milan1
33 прегледи

Новородени близнаци биле убиени во Газа додека нивниот татко бил во канцеларијата на локалната власт за да го регистрира нивното раѓање. Момчето Асер и девојчето Ајсел имале само четири дена кога нивниот татко Мохамед Абу ал Кумсан отишол да им ги подигне изводите од матичната книга на родените, јавува Би-Би-Си.

Додека бил отсутен, му се јавиле соседите и рекле дека нивната куќа во Деир ал Балах била бомбардирана. Во израелски воздушен напад загинаа и неговата сопруга и бабата на близнаците.

„Не знам што се случи. Ми кажаа дека граната ја погодила куќата“, рекол таткото.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека 115 бебиња се родени, а потоа убиени за време на војната. Според новинската агенција АП, семејството следело наредба за евакуација на градот Газа во првите недели од војната меѓу Израел и Газа, барајќи засолниште во централниот дел на појасот, како што наложи израелската армија.

Би-Би-Си побара коментар од израелската војска за нападот и чека одговор. Израел вели дека се обидува да избегне да им наштети на цивилите и за нивната смрт го обвинува Хамас, кој дејствува во густо населените области, вклучително и користење на цивилни згради како засолништа.

Но, официјалните лица ретко коментираат за поединечни случаи на израелски напади. Неколку такви засолништа во Газа беа нападнати во последните недели. Во саботата, во израелски воздушен напад врз училишна зграда во која се засолниле раселените Палестинци во градот Газа загинаа повеќе од 70 луѓе, изјави директор на болницата за Би-Би-Си.

Портпаролот на израелската војска рече дека училиштето „служело како активен воен објект на Хамас и Исламски џихад“, што Хамас го негираше. Израел го оспори бројот на загинати, а Би-Би-Си не можеше независно да ги потврди бројките од ниту една страна.

Слични содржини